Од општинската ЛДП се оградуваат од присуството на градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, на вчера оддржаната трибина на опозициската коалиција „За демократска Македонија“. Од ОО на ЛДП потенцираат дека градоначалникот присуствувал на настанот без нивна официјална покана.

Вчерашната трибина, е првата по ред оддржана заедничка активност по формирањето на коалицијата составена од ВМРО- НП, ЛДП, Достоинство и Обединети за Македонија.

OhridNews