Ренова го победи Гленторан со минимални 2-1 во првиот натпревар од првата рунда во Лигата Европа.


Гипсарите до победата стигнаа благодарение на головите на Јанчевски од пенал и Бајрами во финишот на мечот. Стрелец на изедначувачкиот погодок за гостите беше Никсон на истекот на полувремето.

Ренова од 14 минута играше со играч повеќе по исклучувањето на Мекговерн, а во финишот на мечот поцрвена и Морис.