Денеска и утре, фудбалската програма ќе биде исполнета со четвртфиналните натпревари во завршницата од Лигата на Европа. Поради пандемијата на коронавирусот и паузата во текот на сезоната, Лигата на Европа ќе се одигра во скратен формат како никогаш до сега во историјата.

Скратениот формат значи без класичниот двомеч (дома/гости), туку само по еден натпревар. Така ќе се игра во 1/4 финалето и 1/2 финалето. Градови домаќини на завршниот турнирот се Меркур арената во Диселдорф и Рајн Енерџи стадионот во Келн.

Вечерва, први на мегдан ќе излезат потесните фаворити за титулата во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед и Интер. Англичаните силите ќе ги одмерат со дански Копенхаген додека „нероазурите“ ќе се судрат со германски Баер Леверкузен. Четвртфиналните дуели ќе се комплетираат со средбите Севиља – Вулверхемптон односно Шахтјор Доњецк – Базел.

Двојки

Денеска:

21ч Интер – Баер Леверкузен

21ч Мен Ју – Копенхаген

Утре:

21ч Шахтјор Доњецк – Базел

21ч Севиља – Вулверхемптон

 

OhridNews