Со брза интервенција и добра организација, лекарите од охридската специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, успеаја да ги спасат животите на полските државјани кои беа тешко повредени во вчерашната сообраќајна незгода што се случи на излезот од Oхрид.
За кратко време по несреќата биле формирани два тима во болницата кои истовремено извршиле хируршки зафати врз 30-годишна девојка и 33-годишно момче од Варшава. Врз двете лица биле извршени по три интервенции кои траеле 6 часа и за среќа имале позитивен резултат. Како што информираат лекарите, во моментов повредените се наоѓаат во стабилна состојба.
Тешката сообраќајна незгода се случи вчера во 13.30 часот на патот Охрид-Кичево, поточно на самиот излез од Охрид. Учествуваа мотор, на кој се наоѓале девојката и момчето од Варшава и патничко моторно возило со струшки таблици.
OhridNews













