Охридското Езеро, најголемиот басен со питка вода во овој дел од Европа, трпи се посилен притисок од човекот. Врв на негрижата е загадувањето на езерото со цврст отпад, како што тоа за жал со години го прават некои несовесни граѓани. Овој пат вишок во “домаќинството“ биле чиниите, кои за жал завршија во езерските води кај градскиот кеј.
Членовите на клубовите за подводни активности на неколку наврати организираа акции за чистење на езерското дно од цврст отпад, при што од водите беа извадени апарати за домаќинство, покуќнина, градежен шут и што ли уште не.
Има ли крај на нашата неодговорност?
Горан Момироски
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com