По успешното претставување во Скопје и Битола, патувачката  дизајнерска продавница, од четврток, 16-ти до сабота 18-ти август ќе никне во Лапидариумот (куќа на Робевци)  во Охрид.
 
Над 120 модни парчиња по неверојатно достапни цени (до 3.000ден) ќе бидат изложени во еден од највпечатливите простори во Охрид, дворот на куќата на Робевци.
Во организација на Лудус и Капка, ќе може да се најдат внимателно селектирани производи од модните етикети Ludus Loves Fashion, Chic Undercowear, Vibrazioni, Дума, Елена Спасовска, како и накит од Јана Ацевска (Капка) и Дафина Џепароска.
OhridNews