Во досегашниот тек од летната туристичка сезона, на плажите на Охридското Езеро, спасени се 18 давеници, информираат од Црвениот крст, чии спасувачки екипи се грижат за безбедноста на капачите.

-Тројца биле пасивни, а петнаесет активни давеници, кои спасителите навреме ги извлекле од вода, а регистрирани се и над 200 интеревенции на укажување прва помош.-велат од Црвениот крст.

Оттаму посочуваат дека и оваа година дел од плажите на крајбрежјето немаат ангажирано спасители на вода и не ги почитуваат мерките за безбедност на капачите.

OhridNews