Политичката партија Левица реагира на одлуката на Опптина Охрид да се затвори за надворешни посетители и странки поради зголемениот број случаи на Ковид 19. Партијата смета дека освен вработените во локалната самоуправа треба да се заштитат и граѓаните, чие здравје може да биде загрозено доколку биде спроведен попис во време на пандемија.
Додека тие максимално се заштитуваат, сите нас не’ изложуваат на ризик по нашето здравје со спроведување попис среде пандемија. И сето тоа го прават со уцени и заплашување на народот со драконски казни. Дали тие сметаат дека нивното здравје и нивните животи вредат повеќе од здравјето и животот на обичниот човек!? Затоа, почитувани охриѓани, следете го примерот на Општина Охрид и Градоначалникот Константин Георгиески, следете ги препораките на Министерот за здравство Венко Филипче и заштитете го своето здравје. Не отворајте им врата на попишувачите, онака како што Општина Охрид нема да ни ја отвори вратата нам, на граѓаните. – се вели во партиската реакција.

OhridNews











