Политичката партија Левица денес поднесе иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до државниот инспекторат за животна средина на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Иницијативата следи по реакција на граѓани за засилено загадување и уништување на животната средина преку испуштање фекалии од колекторскиот систем кое се случува подолг временски период, велат од Левица.
Со поднесената иницијатива согласно делокругот на работата на Државниот инспекторат за животна средина бараме веднаш, инспекторатот да излезе на терен и да преземе конкретни законски мерки за запирање на наведеното загадување на животната средина. – стои во соопштението за јавност од Левица.
OhridNews












