Локалниот огранок на Левица, со соопштение до јавноста реагира на, како што се наведува во дописот, урбаниот хаос во елитната населба Велестово, со незаконска изградба на објекти. Партијата со случајот поврзува сопственик на рудник од Струмица, за кој тврди дека незаконски гради викенд куќа, во што наводно му помага лице од Охрид кое, пак, Левица го доведува во партнерска врска со актуелниот премниер во бизнис со марихуана.

Партијата Левица обвинува за урбан хаос во елитната населба Велестово

Левица во дописот до медиумите презентира документација, како и фотографии на кои се гледа куќа на три ката во изградба, за која, како што тврди партиојата, од страна на Градежната инспекција по извршен увид уште минатата година било донесено решение за отстранување на спорната градба  и заклучок за извршување, кој не само што се уште не е спроведен, туку инвеститорот продолжил со градежните активности.

Ако е сето тоа точно, Левица ЛО Охрид бара објаснување од надлежната институција, зошто богатите олигарси, соработници и спонзори на трите големи партии, се издигнуваат над законот? – стои во соопштението за јавност на Левица, која од надлежните служби бара одговор за случајот во елитната населба Велестово.

OhridNews