Локалниот огранок на Левица во Охрид поднесе иницијатива за навремено елиминирање на ризикот од помор на плашицата во каналот Студенчишта.

️Пред неколку години дојде до голем помор на плашица која беше влезена во каналот на презимување. Поморот меѓу останатото беше предизвикан и поради недоволното количество на кислород во водата во тој дел од каналот. За да не се случуваат вакви непријатни моменти бараме итно да се интервенира во тој дел на каналот односно да се прокопа горниот дел од патеката и водата од Билјанини извори повторно да се влева во тој дел од каналот Студенчишта, особено што веќе е забелешно присуство на поголеми количини на плашица во каналот, велат од Левица Охрид.

Доколку е потребно образложување на потребата од ваква интервенција, велат, предлагаме да биде повикан стручен експерт, раководител на Одделението за ципринидна фауна при Хидробиолошки завод од Охрид.

Токму поради ризикот од сериозна еколошка катастрофа и беспомошно умирање на плашица, советникот од локалниот огранок при Политичката партија Левица до Советот на Општина Охрид на 25.11.2022 поднесе Иницијатива до Претседателот на совет на Општина Охрид за навремено интервенирање на каналот Студенчишта за да се спречи постоечкиот ризик од помор на плашицата која што е влезена во каналот за презимување, додаваат од Левица Охрид.

OhridNews