Во однос на сечата која се одвива деновиве на булеварот ,,Македонски Просветители”, а кој проект е дел од минатата власт на СДСМ, Левица од новата локална власт побара здравите дрвја да бидат пресадени, со цел да се намалат штетите по зеленилото во градот, велат од Левица Охрид.

За таа цел, очекуваме уште наредна недела да биде набавена соодветна машина за пресадување дрвја. Бидејќи се работи за проект кој ги поминал сите фази на постапка и истиот е одобрен, без да има забелешки од јавноста, Левица го предложи ова решение како најсоодветно кое може да се изведе во дадените околности, велат од Левица Охрид.

Додаваат дека за оние дрвја кои не би можеле да се спасат, имаат побарано од општинската власт да бидат донирани како огревно дрво за социјално загрозени семејства, кои не можат да обезбедат огрев, а не, како што беше пракса досега, да бидат поделени како огревно дрво помеѓу оние вработени во ЈП Комуналец, кои беа задолжени за нивно сечење.

OhridNews