Огранокот на партијата Левица реагира на најавата на локалната самоуправа за реконбструкција на градскиот кеј во Охрид и смета дека во моментов тоа не треба да биде приоритет на кој ќе се трошат нардони пари.
Градоначалникот на Охрид најави нов проект за реконструкција и целосна обнова на кејот во Охрид. За овој проект, со одлука на Владата, обезбедени се 38 милиони денари, а се прават напори да се обезбедат уште 45 милиони денари. Вкупната вредност на проектот се проценува на 83 милиони денари.
На сред корона криза, во година кога имавме уништена туристичка сезона, кога туризмот претрпе ненадминлива штета, а туристичките и угостителските работници огромни финансиски загуби, како и сите мали и средни претпријатија, Локалната и градоначалникот расипанички ги трошат парите на граѓаните.
Бидејки охридскиот кеј не така одамна беше веќе реконструиран, се наметнуваат прашањата:
-Дали е потреба и зошто е потребна реконструкција?
-Каде ќе заврши бекатонот кој ќе биде отстранет од кејот?
-Дали ќе биде попаметно дел од овие средства да беа наменети како финансиска инекција на сите мали и средни претпријатија кои претрпеа големи загуби поради кризата предизвикана од КОВИД-19? – прашуваат од Левица.

Од Левица сметаат дека градската власт треба повеќе да размислува за социјални проекти, а не социјалната политика целосно да им се препушта на хуманитарните организации.
OhridNews











