Локалниот огранок на партијата Левица, реагира на изведбата на уличната инфраструктура во градот, за која смета дека го нема потребниот квалитет.

Според опозициската партија, локалната власт повеќе се занимава со автин популизам, отколку со квалитетно решавање на инфраструктурните проблеми. Потврда за тоа, според Левица, е денешната состојба на ул. „Марко Цепенков”. Улицата бепше реконструирана неодамна, а веќе има проблеми со водоводната инсталација.

Која е фирмата изведувач на градежните зафати, конкретно на асфалтираните улици? Колку таа фирма е стручна и професионална? Зошто ЈП Водовод и нискоградба не извршија припрема на улицата? – прашуваат од Левица.

OhridNews