Политичката партија Левица, до јавното обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против претседателот на Владата Зоран Заев за сторено кривично дело „Загрозување на независноста“.

„Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор.“ – истакнуваат од „Левица“. 

OhridNews