Почетокот на сезоната во Супер лигата ракометарите на Охрид ја започнуваат со натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер на 6-ти септември.

Сакаме да победиме на домашен терен. Натпреварот е многу важен за нас. Знаеме дека Пелистер е силна екипа и дека ќе биде многу тешко. Ќе се бориме за секоја топка и со поддршката од нашите фанови оваа победа ќе биде наша, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Николаос Лиапис.

Натпреварот се игра со почеток во 19:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“.

OhridNews