Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од струшкото село Велешта, поради основи на сомнение дека сторил кривични дела „насилство“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Според информацијата на МВР, на 19-ти октомври во Струга, во казино на улица „Маршал Тито“, пријавениот започнал да упатува закани по животот на вработените и со употреба на физичка сила оштетил два апарати за игри на среќа и дел од инвентарот, а потоа пред објектот упатувал закани кон полициските службеници кои преземале службени дејствија и го оштетил службеното возило.

Од МВР информираат за уште еден евидентиран инцидент во Струга. Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против 39-годишен стружанец за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Во Струга во месец септември, на улица „Партизанска“, во ходник од зграда, по претходна вербална расправија, пријавениот физички нападнал 41 годишна сограѓанка при што и нанел тешки телесни повреди.

OhridNews