Екипата на Партизан на својот стадион е поразена минимално со 1:0 од Манчестер Јунајтед во натпреварот од 3-то коло од Лигата на Европа, што се одигра во рамки на групата Л.

Стрелец на единствениот гол беше Марсијал од пенал во 43 минута.

Партизан одигра храбро и ги собра аплаузите од публиката, но победата ја однесоа гостите. На моменти домаќинот комплетно го надигра англискиот премиерлигаш, а останува впечатокот дека Партизан беше оштетен за еден недосуден пенал.

Во вториот натпревар од оваа груга Аз Алкмар ја декласираше Астана со 6:0.

На табелата води Манчестер Ј. со 7 бода, Аз има 5, Партизан 4, а Астана 0.

 

Лига Европа резултати 3 коло (средби во 19ч.):

Извор: Уефа

 

OhridNews