Македонската фудбалска репрезентација прокнижи нови три бодови на табелата во фазата по групи во Лигата на Нации победувајќи ја селекцијата на Лихтенштајн (4-1) на Националната арена „Филип Втори“.

„Црвено црните“ до третата победа во исто толку одиграни натпревари во групната фаза стигнаа со маестрална игра во текот на целиот натпревар.

Победата на Македонија ја најавија Александар Трајкоски кој два пати погодуваше после асистенции на Горан Пандев. Третиот погодок беше дело на Пандев. Гостите до крајот на првиот дел го намалија резултатот. Конечните 4-1 ги постави Езџан Алијоски на средината од второто полувреме.

Македонија со девет бодови е осамена на врвот и со изгледни шанси за пласман во плејофот за пласман на Европското првенство 2020 година.

OhridNews