Утрово започна отстранувањето на платформата од езерото пред кафе барот „Ликвид“ во стариот дел на градот, што е дел од акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид, што ја спроведуваат локалните власти како дел од мерките за зачувување на статусот на Охридскиот регион како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Од кафе барот „Ликвид“ велат дека залагаат за владеење на правото, но истото го очекуваaт и од градот и државата, посочувајќи дека властите не ги почитуваат правните процедури кои се во тек, и пред нивно завршување самоволно започнале акција за уривање на платформата пред нивниот објект.

Уставно загарантирано право на секое физичко и право лице е правото на жалба. „Ликвид“ поднесе жалба на првостепената одлука до Второстепена комисија. Без да се добие одговор на жалбата се пристапува кон рушење. Јавно беше соопштено од премиерот, неколку министри и градоначалникот дека додека траат постапките на жалба нема да се пристапува кон извршување. „Ликвид“ само го чекаше одговорот од второстепена комисија кој до ден денес не го има добиено.“ – информираат од кафе барот „Ликвид“.

OhridNews

Фото: Се отстранува платформата пред „Ликвид“