И вработените во Македонска пошта од подружницата во Охрид од денес во штрајк. Тони Матески, претставник на Синдикат на Македонска пошта до Охрид вели дека штрајкот е резулатат на досегашниот негативен исход од преговорите со менаџерскиот тим, заради тоа што воопшто не биле исполнети ни едно од нивните барање.

Нашите барање се состојат првично во зголемување линеарно на платите во износ од 3.000 денари по вработен, основно барање, но не помалку се значајни и останатите барања кои се од поодамна поставени, а се однесуваат на севкупна реорганизација и подобрување на условите за работа во македонски пошти што ќе значи натамошно усоешно етаблирање на Македонска пошта на пазарот на поштенски услуги, вели Матески.

Ова се барања кои се однесуваат на цел сет мерки кои би предизвикале нова реорганизација и реонизација на пошта, измена на систематизација или комплетно поинаков модел на работа на Македонска пошта за да можеме успешно да се носиме со конкуренцијата на пазарот.

Со сегашниот модел и начин на работа кој е стар можеби повеќе од 40-50 години, не е можно повеќе да се функционира. Штрајкот ќе трае се до исполнување на нашите барања. Истиот беше навремено најававен. Вработените се на работните места, не примаме странки и уплати од платен промет, но ние подлежиме на посебни одредби од Законот за штрајк и примаме и испорачуваме пратки поврзани со полиција, одбрана, административни процеси поврзани со сите државни органи, додава Матески.

Немаме целосен прекин на работа имаме само прием на вакви пратки вели Матески, нагласувајќи дека овој штрајк не е политички мотивиран, туку е израз на незадоволството на вработените од моменталната ситуација. Како синдикати мора да бидеме вклучени во било која Физибилити студија за јавно-приватно партнерство додаде Матески.

Н.С.Ј.