На 16.10.2026 во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 48-годишно лице од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „црвена застава“ калибар 7,65 милиметри и куршуми и една пушка калибар 4,51 милиметри кои нелегално ги поседувал, информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, посочуваат, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












