Меѓународно познатиот маротонец- инвалид прилепчанецот Миле Стојкоски  денеска се сретна со градоначалникот Александар Петрески, соопшти општинската прес служба.


Искажувајќи благодарност до градоначалникот и Општината Охрид за помошта која им ја укажала на лицата со посебен хендикеп, Стојкоски го претставил проектот за подобрување на состојбата на оваа категорија граѓани.

– Оваа средба  е дел од мојот проект кој вклучува посета на 22 града најмалку за да ја пренесам на сите оние кои се учесници во изборниот процес(кандидати за градоначалници и советници, политички партии и кандидати за претседател на државата) дека не треба да не стават нас инвалидите на маргините од животот. Онака како што сме рамноправни за да имаме право да гласаме, треба да имаме и услови, но не и да бидеме азаборавени во заложбите на политичките субјекти откако ке поминат изорите или пак да им бидеме декор додека се предизборните активности –  изјавил  на средбата Стојкоски.


Во своето обраќање, градоначалникот укажал на грижата за сите категории граѓани и за напорите што ќе ги прави доколку биде реизбран на функцијата на претстојните локални избори. Во знак на сеќавање на средбата и на неговиот благороден проект во предизборието во интерес на инвалидите, градоначалникот Петрески на Миле Стојкоски му врачи подарок –  рачно изработена макета охридски чун, информираше општинската прес служба.

Ohridnews