Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 11 часот на паркинг во авто-камп во Струга пронајдено било починато 42-годишно лице од село Велешта. Истиот бил пријавен за исчезнат претходниот ден.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Струга, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
OhridNews












