Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2-ри  јули, недела, во манастирот „Свети Наум Охридски“, со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Св. Наум Охридски. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.

На 3-ти јули, понеделник, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.

OhridNews