Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 4-ти март(сабота), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско, со почеток во 8.30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Тодорова сабота.

Наредниот ден, на 5-ти март, во црквата „Св.Георги“, со почеток во 8.30 ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Недела на Православието“.

На светите литургиите ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овие празници.

OhridNews