Легандарниот стадион „Енфилд“ каде игра Ливерпул дочека трофеј од англискиот шампионат во ерата од Премиер лигата. „Црвените“ на најдобар начин со триумф над Челси (5-3) ја најавија шампионската прослава и добивањето на долгоочекуваниот пехар.

Успехот и титулата од Премиер лигата им го посветувам на навивачите. Тие беа кои веруваа во нас од стартот на проектот. Беа зад нас кога беше тешко, затоа имаат полно право најмногу да се радуваат на успехот и титулата. – изјави германскиот стручњак, Јирген Клоп.

Капитенот Џордан Хендерсон кој во краток временски период успеа да ги подигне титулите од Лигата на Шампиони и Премиер лигата изјави дека тимската хемија е поголема од се на теренот и надвор од него.

Ние се дружиме на теренот и надвор од него и затоа сите проблеми или натпревари лесни ги надминуваме. Тајна на успехот нема, туку тимската хемија која го краси овој тим. Стадионот е празен, но душата ни е полна бидејќи знаеме што значи титулата од Премиер лигата за навивачите. – рече Хендерсон.

До крајот во Премиер лигата останува уште една рунда која ќе ги дефинира учесниците во европските натпреваруања и екипите кои ќе обезбедат опстанок во елитното англиско друштво.

OhridNews