Екипата на Ливерпул, на вистински пат е да ја прекине лошата традиција и конечно да ја освои титулата во англиската Премиер лигата. Зрелост избраниците на Јирген Клоп покажуваат во текот на целата сезона но сиот свој квалитет и убоитост во составот го покажаа вечерва совладувајќи го Лестер со убедливи 4-0 на „Кинг Пауер“ стадионот.

„Црвените“, со маестрална игра од почетокот до крајот на натпреварот не дозволија да се разгорат страстите на теренот. Првиот чекор кон убедлива победа, Ливерпул, го направи во 31-та минута кога Роберто Фирмино погоди за 1-0. Сите дилеми на дерби средбата беа решени во вториот дел. Во 71-та минута, Џејмс Милнер од пенал го дуплираше водството 2-0. Три минути подоцна Фирмино со вториот погодок зголеми на 3-0, а конечните 4-0 беа дело на Трент Александар Арнолд.

Ливерпул со скор од 17 победи и едно реми имаат цели 13 бодови предност во однос на второпласираниот Лестер. Манчестер Сити е третопласиран со бод помалку од Лестер, а ТОП 4 ги заокружува Челси со 32 поени.

Резултати:

Тотенхем – Брајтон 2-1

Бурнмаут – Арсенал 1-1

Астон Вила – Норвич 1-0

Челси – Саутемптон 0-2

Кристал Палас – Вест Хем 2-1

Евертон – Барнли 1-0

Шефилд – Ватфорд 1-1

Мен Ју – Њукасл 4-1

Лестер – Ливерпул 0-4

OhridNews