Од пред еден месец во рамките на Здружението „КУЛТ ДАМ “  е формиран првиот и единствен клуб на УНЕСКО во Охрид .

Националната комисија на УНЕСКО ја прифати и поддржа иницијативата за формирање на Локален УНЕСКО клуб во Охрид кој што ќе работи по теркот на стотиците клубови во светот кои ја шират идејата и глобалните цели на оваа меѓународна организација.

Клубот на УНЕСКО при Здружението за истражување, развој и промоција на културните вредности и туризмот КУЛТ ДАМ – Охрид, Националната комисија при Министерството за култура на РМ го регистрира во својата евиденција заедно со новоформираните УНЕСКО клубови кои беа востановени како дел од програмата „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка меѓу заедниците“ која се спроведува во Македонија под покровителство на УНЕСКО и со поддршка на Фондот за Милениумски развојни цели и Владата на Шпанија. Во Македонија постојат вкупно 16 локални УНЕСКО клубови.

Здружението и клубот се  подготвени во иднина да бидат партнери во релаизација на одредени проекти и преземања кои ќе бидат сврзани со Охрид – градот на УНЕСКО и изразува  желба за отворена и взаемна соработка и комуникација, со локалните и националните власти и институции и други здруженија и асоцијации.

Прва поголема активност која ќе биде искористена  за директна комуникација со јавноста и промоција на Локалниот клуб ќе биде одбележувањето на Денот на Охридското Езеро – 5 Јуни кој воедно се одбележува и како  Светскиот ден на екологијата. Пред тоа претставнци на Здружението КУЛТ ДАМ односно Локалниот клуб на УНЕСКО од 15 до 18 мај во хотел Десарет ќе учествуваат на Третата Националната младинска конференција „Заеднички визии – 2012 “ .

OhridNews