Локалната распиша Јавен повик за финансиска поддршка на граѓанскa организациja коja  координира Центар на територијата на Oпштина Охрид кој згрижува и третира деца со атипичен развој.

Општина Охрид за буџетската 2022 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи граѓанска организација која работи и координира Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој и аутистичен спектар на територија на Oпштина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на семејства од социјален ризик и треба да овозможуваат намалување на трошоците на овие семејства кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 192.000,00 денари, информираат од Општина Охрид.

Според Правилникот,  право на учество на Јавниот повик имаат граѓански организации кои нудат услуги на територијата на Општина Охрид и регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации. Организации кои спроведуваат активности од областа на социјалната заштита и имаат искуство најмалку една година во работа со Центар кој третира и згрижува деца со атипичен развој.

 

OhridNews