Според градоначалникот Александар Петрески, донесена е одлука на совет за уредување на просторот на кој ќе биде поставен и споменик на Христо Узунов, но се чека Завод и музеј да го заврши проектот и достави до локалната самоуправа.
– Од Завод и музеј веќе година дена ветуваат дека за 15 дена ќе биде готов проектот, согласно кој ние мора да работиме и ги изведеме работите.Постојано сме во комуникација со директорката, но секогаш го добиваме истиот одговор дека проектот ќе биде завршен за 15 дена, вели градоачалникот Петрески.
Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали- Бунташеска информира дека се работи според програма, а проектот ќе се сработи бидејќи е во завршна фаза.
– Просторот ќе биде партерно уреден и не се предвидени градби. Доколку е донесена одлука за поставување на споменик, тогаш треба да седнеме и заеднички да ја разгледаме, вели Бунташеска.
Објектот на старата библиотека беше срушен во 2008 година со цел да се отвори погледот кон ѕидините на Долна порта и да се уреди просторот.