Локалната самоуправа ќе изнајде начин за субвенционирање на Центарот за третман на деца со аутизам кој функционира во просториите на Општата болница Охрид, информираше градоначалникот Кирил Пецаков по посетата на Центарот. Во рамки на посетата, Градоначалникот од страна на вработените беше запознаен со  начинот на фукционирање и работење на Центарот како и за нивните потреби.

Како одговорна Локална самоуправа се обврзавме да изнајдеме начин за субвенционирање кој ќе биде финасиско олеснување на родителите чии деца го посетуваат Центарот. Дополнително, она што било обврска на Општина Охрид, а не е реализирано до сега, е изградба на нови пристапни скали и во најкус рок ќе пристапиме кон реализација, информираше Пецаков.

Носител на проектот за отворање на овој центар е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „ Во мојот свет“.

 

OhridNews