Русија планирала да ги убие поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ и да ја собори неговата влада минатата 2016 година, пишува британскиот весник Тхе Daily Telegraph, повикувајќи се на извор во владата на Велика Британија. Во прилогот што го пренесе црногорскиот јавен сервис РТЦГ, се наведува дека државниот удар на денот на парламентарните избори кога било наводно планирано заземање на зградата на Скупштината (црногорскиот парламент) и убиството на деценискиот челник на Црна Гора уште од периодот на Слободан Милошевиќ, кој последните години се претставува како прозападно ориентиран, а сето тоа според изворот на британскиот весник го воделе руски разузнавачи со „благослов“ на Москва, за да се саботирал планот за членството на Црна Гора во НАТО.

Главните раздори во Црна Гора се по тоа што владејачкото мнозинство, прозападно ориентирано инсистира ратификувањето на одлуката земјата да влезе во НАТО треба да се води во парламентот, додека просрпската, или проруска опозиција, бара за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум. Натаму во текстот се наведува дека планот бил спречен само неколку часовите пред да биде спроведен на дело, а требало да предизвика крвопролевање и земјата да ја воведе во безредија во пресрет на нејзиното зачленување во НАТО. Како еден од наводните аргументи се наведува дека додека тоа се случувало русиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини НАОТ дека е „институција на Студената војна“, чие проширување кон истокот последните 30 години води кон тензии без преседан во Европа.

„Обидот за државен удар во Црна Гора е планиран за 16-ти октомври минатата година несомнено е пример на растечка агресивна кампања на мешање во работите на Западот“, изјавил за британскиот весник неименуваниот извор од британската влада. Шефот на британската дипломатија Бориз Џонсон и неговиот американски колега Рекс Тилерсон, според написот, минатата седмица разговарале на својот прв состанок за настаните во Црна Гора. Весникот потсетува дека на потерницата на Интерпол се ставени двајца руски државјани, за кои црногорските власти тврдат дека стојат зад планираните напади.

„Тие двајца со месеци ги надгледувале регрутирањата и опремувањата на мала група српски националисти, кои преоблечени како полицајци, требало да ги извршат нападите на зградата на црногорскиот парламент и да го убијат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ“, пишува натаму весникот. Се наведува дека Кремљ ја негираше секаква својата вмешаност, а црногорскиот обвинител не ги обвинуваше руските власти, туку за сето тоа ги обвини руските националист, како и дека „проруската опозиција“ во Црна Гора тврди дека целиот случај е лажиран. The Daily Telegraph пишува и дека британските и американските разузнавачки агенции се повикани да им помогнат на властите на Црна Гора да го расветлат целиот случај и собраните податоци, наводно упатувале дека во тоа се вмешани високи руски функционери. „Телефонски разговори заштитени со шифра, преписки преку електронска пошта и искази на сведоците соработници сега се дел од истрагата во чии рамки е обвинето 21 лице за обид за тероризам и уривање на државниот поредок на Црна Гора“, пишува уште британскиот дневен весник.

Министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, за The Daily Telegraph рекол дека „нема сомневање дека сето тоа го организирале и финансирале руски разузнавачки функционери заедно со локални радикални елементи“. Изворите на британскиот весник рекле дека се’ било планирано наводно така што ќе требало да бидат обвинети одметнати руски агенти и националисти, но доказите покажале дека е незамисливо планот да немал поддршка од високи нивоа. „Зборувате за заговор да се наруши или собори влада на некој начин. Незамисливо е сето тоа некој да не го одобрил“, рекол уште еден неименуван извор на The Daily telegraph.

Се наведува дека поединостите од планот се обелоденети откако британскиот министер за одбрана Мајкл фолон предупредил на „промени на потезите“ во мешањето Кремљ во западните земји во текот на минатата 2016 година, Фолон кон крајот на октомври предупреди дека Русија „очигледно ги тестира НАТО и Западот барајќи начини да го прошири своето влијание, дестабилизира држави и да ја ослаби Алијансата“.

Во текстот се наведува и дека Москва минатата година во повеќе наврати порачала дека Црна Гора треба да се откаже од членството во НАТО и дека Русија сака државата која има 600.000 жители да остане неутрална или во нејзината сфера на влијание, а и во минатото силно лобирала за пристап на пристаништата на Јадранското Море, пренесува РТЦГ.