Настапот со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони, за велшкиот интернационалец Рајан Гигс ќе биде 1000-от натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед.

Менаџерот на “ѓаволите“, Сер Алекс Фергусон намерно Гигс го изостави од списокот на мечот со Норвич, Премиер лигата за да му го овозможи тоа на дуелот со Реал Мадрид.

Шкотланѓанецот за реванш дуелот со Реал Мадрид нема да може да смета на Фил Џонс, кој одлично го одигра првиот натпревар на Бернабеу, а Мурињо иако го вклучи во составот Касилјас тој сепак не може да застене помеѓу стативите на Олд Трафорд.

Мх.П.