Синоќа, се одиграа последните натпревари од шестата рунда кои означија крај на фазата по групи во Лигата на Шампиони. Веднаш, може да се подвлече линија и да се сумираат резултатите и впечатоците од натпреварите во групната фаза.

Во целина екипите патници во 1/8 финалето се очекувани. Недостасува Ајакс кој минатата сезона играше во полуфиналето и Интер кој според резултатите во Серија А заслужи да биде дел од елитата, но со игрите во ЛШ и не толку со оглед дека киксна кога беше најпотребно.

Најголемо изненадување е Аталанта. Клубот од Бергамо кој мечевите во ЛШ ги игра на Сан Сиро во Милано се издигна од пепелта и со фуриозен финиш во последните три рунди ги прескокна Динамо Загреб и Шахтјор Доњецк на табелата и му се придружи на Манчестер Сити во елиминациите.

Таму не очекуваат дерби пресметки и вистински возбудувања какви што можат да понудат само мечевите од ЛШ. Во најнезавидна ситуација се клубовите од Мадрид, Реал и Атлетико кои се во вториот шешир. Тие имаат најмал фонд на потенцијални противници во 1/8 финалето. Ждрепката е полудиригирана и не можат да паднат екипи од иста земја и екипи кои биле заедно во група. Од потенцијални противници на мадридските ривали автоматски испаѓаат Барселона и Валенсија, а бинго ќе биде германски Лајпиц кој според името е најслаб во однос на останатите ривали.

Ждрепката за 1/8 финалето е понеделник на пладне во 12 часот во просториите на УЕФА во Нион.

Распоред:

Прв шешир: Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Лајпциг, Ливерпул, Мен Сити, ПСЖ, Валенсија

Втор шешир: Аталанта, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Челси, Лион, Наполи, Реал Мадрид, Тотенхем

OhridNews