Екипите Баерн Минхен и Малага се последните патници во четвртфиналето во Лигата на Шампиони. Тие во најдобрите осум им се придружија на Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Борусија Дортмунд, Галатасарај и ПСЖ.


По победата на “Емирати“ 3-1, “баварците“ пред реванш дуелот со Арсенал важеа за големи фаворити. Но, избраниците на менаџерот Арсен Венгер не мислеа така победија 2-0, а “правилото гол во гости“ го одведе Баерн Минхен во најдобрите осум.

Малага испиша ново поглавје во својата историја откако го совладаа Порто со 2-0 и со вкупни 2-1 обезбедија пласман во четвртфиналето.

Ждрепката за четвртфиналните двојки и понатамошниот костур од Лигата на Шампиони е в петок во 12 часот.

Мх.П.