Фудбалерите на Баерн Минхен ја понижија Црвена Ѕвезда победувајќи ја среде Белград со убедливи 6-0 во рамките од петтата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони. Синоќешните натпревари ги одбележа и Тотенхем, кој успеа од негатива 2-0 да стигне до победа 4-2 во дебито на Жозе Мурињо на европско тло.

„Баварците“ на крилата од полскиот голгетер Роберт Левандовски ја изрешетаа мрежата на „црвено белите“. Напаѓачот постигна четири од шест голови. Преостанатите два дело беа на Горецка кој погоди за 1-0 и Толисо кој ги постави конечните 6-0.

„Петлите“ на погон од Жозе Мурињо режираа пресврт и фантастична победа пред своите гледачи на средбата со Олимпијакос . Грците поведоа со 2-0 после само 20 минути игра. Домаќините во 45-та минута намалија на 2-1, а во вториот дел го комплетираа пресвртот.

Резултати:

Група А: Галатасарај – Клуб Бриж 1-1, Реал Мадрид – ПСЖ 2-2

Табела: ПСЖ 13, Реал Мадрид 8, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1

 

Група Б: Црвена Ѕвезда – Баерн Минхен 0-6, Тотенхем – Олимпијакос 4-2

Табела: Баерн Минхен 12, Тотенхем 7, Црвена Ѕвезда 3, Олимпијакос 1

 

Група Ц: Аталанта – Динамо Загреб 2-0, Манчестер Сити – Шахјтор Доњецк 1-1

Табела: Мен Сити 11, Шахјтор Доњецк 6, Динамо Загреб 5, Аталанта 4

 

Група Д: Локомотив Москва – Баер Леверкузен 0-2, Јувентус – Атлетико Мадрид 1-0

Табела: Јувентус 13, Атлетико Мадрид 7, Баер Леверкузен 6, Локомотив Москва 3

OhridNews