Германскиот гигант Баерн Минхен обезбеди капитална предност после првиот натпревар во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони совладувајќи го Челси со 3-0 (0-0) во Лондон, додека без победник 1-1 (1-0) заврши средбата на Сан Паоло стадионот помеѓу Наполи – Барселона.

„Баварците“ од самиот старт нападнаа и на големи искушенија го ставија голманот на Челси, Вили Кабалеро. „Сините“ оддолеаја во првиот дел, но капитулираа во првите десеттина минута од второто полувреме. Полскиот голгетер Роберт Левандовски два пати асиситраше до Серж Гнабри кој прецизен беше за убедливи водство. Левандовски после двете асистенции се запиша во листата на стрелци за конечни 3-0.

Сите карти се отворени во средбата Наполи – Барселона. „Азурите“ со отворен гард и се спротиставија на Барселона. Домаќините поведоа со голот на Мертенс во 30-та минута и со минимално водство заминаа на одмор. Каталонците во првиот удар кон противничкиот гол погодија и обезбедија реми. Стрелец на голот беше Гризман. Во финишот поцрвена Артуро Видал. Чилеанецот во една акција прво грубо стартуваше над Фабио Руиз, а потоа влезе во вербална расправија со истиот фудбалер.

Првата етапа во осминафминалната фаза ќе се комплетира со утрешните натпревари Лион – Јувентус односно Реал Мадрид – Манчестер Сити.

OhridNews