Амбициите и сите замисли на францускиот стратег Арсен Венгер паднаа во вода во седмата минута кога Крос погоди за предност за “баварците“. Четирнаесет минути подоцна уште еден шок за Арсенал, со голот на Томас Милер избраниците на Хуп Хејнкенс стекнаа водство од 2-0.
Мала надеж за поволен резултат за Арсенал донесе поранешниот фудбалер на “баварците“, Лукас Подолски во 55-та минута.
Баерн Минхен последниот и фатален удар го зададе во 77-та минута со погодокот на хрватскиот интернационален Марио Манџукиќ.
Во вториот натпревар португалскиот првак, Порто на реванш мечот во Шпанија против Малага ќе патува со предност од еден погодок 1-0. Стрелец на победничкиот погодок на “сино белите“ беше Жоао Мутињо во вториот дел.
Реванш натпреварите од третиот квартал во Лигата на Шампиони се игра на 13 март.