Најголемо разочарување во Лигата на Шампиони од англиските тимови беше Челси, кој натпреварите ги заврши во групната фаза, а го носеше епитот Европски првак.
Ништо подобро не помина и англискиот првак, Манчестер Сити, кој исто така одисејата во овогодинешната сезона од ЛШ ја заврши во групите.
Манчестер Јунајтед и Арсенал натпреварите ги завршија во осминафиналето. Двете екипи беа блиску од пласман во четвртфиналето, но Арсенал остана покус за еден гол наспроти “црвени ѓаволи“ кои беа елиминирани од Реал Мадрид на дискутабилен начин.
УЕФА оваа сезона погреши со проценката финалето во Лигата на Шампиони да се одигра на “Вембли“ откако сите англиски премиерлигаши испаднаа од понатамошното натпреварување.