Фудбалерите на Црвена Ѕвезда обезбедија пласман во последната фаза од квалификациите за влез во Лигата на Шампиони после елиминацијата на данскиот Копенхаген. Регуларниот дел од мечот во Копенхаген заврши 1-1 исто како и во Белград а резултатот не се промени во продолженијата.. „Црвено белите“ во 11-та серија од пенал рулетот погодија додека домаќините промашија и победија со 7-6.

Црвена Ѕвезда добро го отвори мечот и поведе со 1-0. До крајот на првиот дел Копенхаген се консолидираше и успеа да го изедначи резултатот. Во 57-та минута, Црвена Ѕвезда остана со фудбалер помалку после црвениот картон за Немања Милуновиќ. Копенхаген бројчаната предност не ја искористи и мечот отиде во продолженија. Таму шанси немаше многу а за издвојување е црвенио картон на Копенхаген по што се израмнија силите на теренот.

Во пенал серијата имаше ревија промашувања. Најмногу се истакнаа фудбалерите на Црвена Ѕвезда кои шутираа над голот, додека Борјан ги скротуваше ударите од домаќините. После првите пет пенали немаше победник а ниту во следните пет немаше. Одлуката падна во 11-та серија кога „црвено белите“ погодија а Копенхаген погреши.

Последната пречка за Црвена Ѕвезда за влез во ЛШ е Јанг Бојс.

Резултати: Карабах – АПОЕЛ Никозија 0-2 (2-1), Розенборг – Марибор 3-1 (3-1), Динамо Киев – Клуб Бриж 3-3 (0-1), Ференцварош – Динамо Загреб 0-4 (1-1), Копенхаген – Црвена Ѕвезда 1-1 (7-6 пенали) (1-1), Ајакс – Паок 3-2 (2-2), Ласк Линц – Базел 3-1 (2-1), Олимпијакос – Башекшехир 2-0 (1-0), Селтик – Клуж 3-4 (1-1), Порто – Краснодар 2-3 (1-0).

OhridNews