Средбата помеѓу Борусија Дортмунд – Интер на „Сигнал Идуна Парк“ е најпривлечна од осумте натпревари кои ќе се одиграат во рамките од четвртата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

„Милионерите“ и „нероазурите“ во дерби пресметката влегуваат со ист број на бодови. Победата и целиот плен за некоја од екипите може да значи и одлучувачка предност во борбата за втората позиција во групата. Барселона со три бодови повеќе е лидер на табелата.

Германците ќе имаат императив повеќе бидејќи пред своите гледачи ќе атакуваат на победа и реванш за поразот во Италија. „Нероазурите“ блескаат во Серија А, а од нив се очекува истото да го направат и во ЛШ.

Вечерва, на програмата е дуелот помеѓу Наполи и Салзбург во Неапол. Елиф Елмас и соиграчите не смеат да се опуштат и да ги впишат бодовите пред да ги обезбедат. Австрискиот првак се покажа незгоден ривал.

Двојки:

Група Е: Ливерпул – Генк, Наполи – Салзбург

Табела: Наполи 7, Ливерпул 6, Салзбург 3, Генк 1

 

Група Ф: Барселона – Славија Прага (18:55ч), Борусија Дортмунд – Интер

Табела: Барселона 7, Борусија Дортмунд 4, Интер 4, Славија Прага 1

 

Група Г: Зенит – Лајпциг (18:55ч), Лион – Бенфика

Табела: Лајпциг 6, Зени 4, Лион 4, Бенфика 3

 

Група Х: Челси – Ајакс, Валенсија – Лил

Табела: Ајакс 6, Челси 6, Валенсија 4, Лил 1

OhridNews