Борусија Дортмунд и Шахтјор, во среда ќе го одиграат реванш натпреварот во осмина финалето во Лигата на шампиони.


Првиот натпревар кој овие два тима го одиграа во Доњецк заврши без победник, со резултат 2:2, што на германскиот првак му дава одредена предност пред реваншот.

„Шахтјор  е добар тим. Тоа го покажаа со двата гола кои ги постигнаа во првиот меч. Не е добро доколку некој мисли дека ќе играме на резултат 0:0 или 1:1. Тоа може скапо да не чини. Нападот е најдобра одбрана, што значи дека мора да играме офанзивно“, изјавил најдобриот стрелец на Борусија, Роберт Левандовски.

Борусија и Шахтјор дуелот по кој ќе биде познат четвртфиналистот во Лигата на шампиони ќе го одиграат на 6.март.

Ohridnews