Стадионите „Стемфорџ Бриџ“ во Лондон и „Сан Паоло“ во Неапол, каде ќе се одиграат првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони помеѓу Челси – Баерн Минхен односно Наполи – Барселона, ќе бидат фудбалски епицентри во Европа.

Челси и Наполи пред своите гледачи ќе имаат голем предизвик но и обврска да обезбедат што подобар резултат, бидејќи во реванш мечевите ќе ги чека вистински пекол.

Лондонските „сини“ победија во дербито со Тотенхем во Премиер лигата (2-1) и на најдобар можен начин го најавија дуелот со Баерн Минхен. „Баварците“ стандардно играат во Бундес лигата, а во групната фаза во ЛШ беа едни од најдобрите екипи и фаворитската улога е на нивната страна.

„Азурите“ го сменаа тренерот и место Карло Анчелоти на чело сега е Џенаро Гатузо, но жарот и желбата во играта ги задржаа. Наполи последниов период бележи позитивни резултати, но со ист ваков ефект може да се пофали Барселона која исто така менува на тренерската позиција. Пресметката со Барселона ќе биде добра можност за Елиф Елмас, кој може натпреварот да го започне од првата минута.

Дуелите се играат во 21 часот.

Двојки:

Челси – Баерн Минхен

Наполи – Барселона

OhridNews