Италијанскиот првак Јувентус и мултимилионскиот проект на ПСЖ остварија гостински победи во првите осминафинални натпревари во Лигата на Шампиони и направија чекор напред кон пласман во наредната фаза.


“Старата дама“ славеше во Глазгов против Селтик со 3-0 додека “светците“ со 2-1 триумфираа над Валенсија на Местаља.


Херој на “бјанконерите“ е италијанскиот репрезентативец Маркисио кој стрелаше прецизно во 3-та и 77-та минута, а печат на победа стави Црногорецот, Вучиниќ со голот во 83-та минута.

Избраниците на италијанскиот стратег Карло Анчелоти со головите на Лавеци и Пасторе уште во првиот дел обезбедија капитална предност 2-0. Поразот во судиското продолжение го ублажи дефанзивецот Рами.

Црна дамка во победата на ПСЖ остави Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ кој длабоко во судиското продолжение заработи директен црвен картон.

Реванш натпреварите Јувентус – Селтик и ПСЖ – Валенсија ги играат на шести март.

Мх.П.