Дерби пресметката во четвртфиналето од Лигата на шампиони е секако двомечот Баерн – Јувентус. И двата тима се лидери во своите шампионати и се на добар пат да ги потврдат титулите во домашните натпреварувања. Но Лигата на шампиони е нешто сосема различно.
– Доста добро го познаваме тимот на Јувентус. Тие се актуелни прваци на Италија и сезонава се на добар пат да го потврдат тоа. Тоа е добар организиран тим кој не само што се брани одлично туку има и опасен офанизвен потенцијал– се првите реакции на стратегот на Баерн, Јуп Хејкенс.
– Горд сум на тоа што Јувентус ќе го преставува италијанскиот фудбал меѓу најдобрите осум во Европа. Баерн е тим кој долго време играа на оваа сцена, имаат големо искуство и се прилично силни. После се што ни се случуваше во последните години, ние сме среќни што сме меѓу најдобрите осум, ќе се подготовиме на најдобар можен начин со сиот респект кон германскиот фудбалски гигант – истакна Павел Недвед, техничкиот директор на Јувентус.
Баерн и Јувентус последен пат играа во сезоната 2009/10 во групната фаза од Лигата на шампиони. Во Минхен беше 0-0, додека германците славеа во Торино со 4-1.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com