Оваа сезона во групната фаза Борусија Дортмунд и Реал Мадрид одиграа два натпревари, и во двата избраниците на Жозе Мурињо не успеаја да го совладаат германскиот првак. Реал Мадрид кога ја елиминирал Борусија во полуфиналето од ЛШ станувал шампион, тоа се случило во 1998 година.
Од друга страна најтрофејниот клуб во Германија, Баерн Минхен нема добри спомени од последното гостување на Ноу Камп кога “покер“ во мрежата замина за Минхен.
Во меѓусебните дуели тоа им е единствена победа на Барселона. Иако историјата е нивната страна сепак, Меси и соиграчите се фаворити во овој дуел, но никако неможе и несмее да се отпише екипа каква што е Баерн Минхен.