Ждрепката во Лигата на Шампиони беше немилосрдна и на дуел во 1/8 финалето ги однесе  деветкратниот првак во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид и англискиот гигант Манчестер Јунајтед.


Шпанската Барселона за противник го доби секогаш незгодниот Милан додека минатогодишниот финалист Баерн Минхен ќе вкрсти со Арсенал.

Двојки :

Галатасарај  – Шалке
Селтик – Јувентус
Арсенал – Баерн Минхен 
Шахјтор – Дортмунд
Милан – Барселона
Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед
Порто  – Малага
Валенсија – ПСЖ

Првите осминафинални натпревари се играат на 12 или 20 февруари додека реванш мечевите се на програмата 5 или 12 март.

Мх.П.