Првиот натпревар одигран во Мадрид заврши без победник 29-29, па така изедначено помина и дуелот во Берлин. “Црвено белите“ во првиот дел констатно имаа водство, кое изнесуваше и пет погодоци (9-4), но германците не се предадоа и до финишот на првиот дел стигнаа до негатива од еден гол (14-13).
Во вториот дел ракометарите на Фуксе Берлин се ослободија од притисокот и го презедоа водството во свои раце. Но, кога на ракометарите на Атлетико Мадрид им трабеше чудо на голот се разбуди Хомбрадос, кој со три интервенции во серија ги врати во игра шпанците.
Играта по жица добро им дојде на “јорганџиите“ кои со брз центар успеваа многу лесно да постигнат голови и да ги одржат амбициите живи за пласман во осумте најдобри.
Во последната минута од мечот двете екипи влегоа со 26 голови на семафорот, но тој резултат не му одговараше на Атлетико поради 29 голови примени на домашен терен. Тогаш на сцена стапи капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров постигнувајќи погодок од невозможна позиција за водство од 27-26.
Последниот напад на 15 секунди до крајот им припадна на “жолтите“, но бедемот пред голот на Хомбрадос не попушти и обезбедија пласман во 1/4 финалето.
Лазаров со шест голови беше најпрецизен во составот на шпанците, Калман и Маркусен постигнаа по четири, а голманскиот тандем Дал – Хомбрадос искомбинираа 11 интервенции.