Во првото полувреме “црвено белите“ играа доста квалитетно. На голот брилираше Дал со осум интервенции, а ракометарите тоа го капитализираа со предност од три разлика 13-10.
Ракометарите на гостинскиот состав Фуксе Берлин во вториот дел се ослободија од притисокот. Шпанскиот репрезентативец Икер Ромеро постигнуваше погодоци во серија, а голманот на германците Кајневетер нижеше интервенции.
Во последните мигови двете екипи имаа шанси за победа кои не ги искористија и мечот заврши без победник 29-29.
Капитенот на македонска ракометна репрезентација Кирил Лазаров постигна четири погодици, најефикасен со осум голови беше Канелјас додека во составот на Фуксе најпрецизен беше Ромеро со осум голови.
Реванш натпреварот во Берлин се игра на 24 март.